Градоначалникот на Кочани поднесе неотповиклива оставка! Љупчо Папазов се огласи на социјалните мрежи: „Тие деца беа наши деца. Ги познавав нивните семејства“
Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани, денеска соопшти дека поднесува оставка по катастрофалниот пожар во локална дискотека, во кој загинаа најмалку 59 лица, а 155 беа повредени.
– Во овие најтешки моменти за нашата држава и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Кочани. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови кои можат да ја опишат болката што сите ја чувствуваме. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето, ги познавав нивните семејства, а некои ми беа семејни пријатели, напиша Папазов.
Целосната објава можете да ја прочитате ТУКА