Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на закројување лозови насади во скопско Кучково

По повод христијанскиот празник Свети Труфун, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на традиционалното закројување на лозови насади во скопско Кучково, општина Ѓорче Петров. Традиционално, овој христијански празник се чествува во скопското село Кучково, во манастриот кој го носи името на големиот маченик и исцелител Свети Трифун каде литургија одржа Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.


Градоначалничката Арсовска го честита празникот кој секоја година се одбележува во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозарите, посакувајќи бериќетна година за сите.


„На одбележувањето на христијанскиот празник Св.Трифун истакнувам желба за добро здравје и богат род на лозјата – кажа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Свети Трифун е празник на лозарите, за плодност на лозјето, но како и секој празник, е празник за здравје во семејството.