Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот. Граѓаните се жалат на ваквата состојба и немаат надеж дека нешто ќе се преземе за подобрување на квалитетот на воздухот. Велат дека загадениот воздух им штети особено на постарите лица кои имаат здравствени проблеми.
Активистот за заштита на животната средина, Аријанит Џафери, оценува дека споредено со минатите години, годинава има поконкретни проекти од надлежните институции за намалување на аерозагадувањето, но тие се уште не се доволни. Според него, треба да има заострување на кривичниот законик.
„И покрај тоа што се споменува во контекст, нема конкретни проекти за интервенциите што треба да се направат во индустријата и во енергетскиот сектор. Мислам дека најголемите загадувачи во Македонија се токму енергетскиот сектор и затоа што ТЕЦ Битола е вториот најголем загадувач во Европа и секако на многу застарената индустрија на нашата земја секогаш и треба интервенција во филтрирање на гасовите кои испуштаат и се причина за многу големи загаденоста на воздухот во нашата земја“, изјави Аријанит Џафери, активист.
Владата пред неколку дена презеде конкретни чекори за намалување на аерозагадувањето, односно ја презентираше „Планската програма за чист воздух 2024-2030“ која предвидува низа мерки за ублажување на загадувањето. Како главни загадувачи се индустриите и домаќинствата.