Халеп беше принудена да се повлече поради повреда на коленото и рамото.
Како што вели, Романката почувствувала болки во коленото и рамото на натпреварите во Абу Даби и со тоа ќе го одложи стартот на сезоната.
Халеп доби вајлд-карта за првиот Грен слем сезонава, откако се врати на Тур по допинг скандалот.
На Романката во март и беше намалена суспензијата, што и овозможи веднаш да се врати на теренот.
Во 2018 година Халеп играше во финалето во Мелбурн, а загуби од Каролина Вознијацки.
Ова требаше да биде нејзиниот прв Грен слем настап по УС Опен во 2022 година.
Халеп моментално е 877. тенисерка во светот, а нејзиниот најголем успех е освојувањето на Ролан Гарос во 2018 година и на Вимблдон во 2019 година.