За да се спасат од високите сметки за струја оваа зима, дел од охридските училишта почнаа да поставуваат фотоволтаични централи кои ги добија како донации.
Таков е примерот на средното општинско стручно училиште.
„Ќе се грееме на струја, сега имаме и сопствено производство на струја. Сметките за струја значително ќе се намалат. Трошоците за парно би биле намалени за околу 50 отсто“, рече Ристе Јанковски.
Локалните власти најавуваат поставување на вакви системи со сопствени средства и во другите училишта од општината. Но, велат дека без помош од државата, општините нема да можат сами да си ги дозволат сметките за струја во следната грејна сезона. Се плашат од високи сметки.
„Поминавме пеколна година по цената на струјата, особено настрада јавното претпријатие каде за една година создадовме долг од над милион и четиристотини илјади евра, бидејќи сето ова беше невозможно да се следи. како тренд што се случи со цената на струјата на берзата. Таа помош секако е неопходна“, изјави Кирил Пецаков – градоначалник на Охрид.
Општина Охрид очекува и зголемување на блок донациите за снабдување со нафта и струја.