Петровска најостро го осудува нападот на Косово, му дава поддршка на КФОР

Дури и министерката за одбрана на Македонија, Славјанка Петровска, се огласи на својот Фејсбук и најостро го осуди инцидентот во кој загина 1 припадник на косовската полиција, а уште двајца беа повредени од српските терористи, како и сите оние кои учествуваа во него.

„Најостро го осудувам инцидентот и сите оние кои придонесоа да се случи. Од современите политички лидери се очекува да донесат мир и просперитет, а не поделби и конфликти. Целосна поддршка на КФОР и сите нивни идни активности во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во регионот“, изјави Славјанка Петровска.