Скопје со најтоксичен воздух во Европа, Шукова: Потребни се десетици години за да се реши проблемот

Британски Гардијан објави дека сите во Европа дишат токсичен воздух, но во Македонија воздухот е поотровен. Министерката за животна средина Каја Шукова за РЕЛ вели дека е илузија ако мислиме дека проблемот со аерозагадувањето ќе го решиме за две, три или четири години, според неа, потребни се 10 до 20 години. Податоците од истражувањето Гардијан ги зема од мерните станици и од сателитски снимки и според овие податоци дошле до заклучок дека воздухот во нашата земја е поотровен.

„Не би оделa со таа квалификација – потоксично. Станува збор за одредени денови во годината кога имаме проблеми, особено во земјите кои се наоѓаат во котлината, како што е Скопје. Не би оделa со такви квалификации, но дека има проблем, има. И локалната и централната власт постојано работат на надминување на проблемот“, изјави Каја Шукова, министерка за животна средина.