Жените знаат да управуваат со времето и приоритетите, а и на лидерски позиции се подобри

Жените знаат да управуваат со времето и приоритетите, а на лидерски позиции носат подобри резултати во организациите и институциите. Тие во иднина ќе бидат повеќе присутни на масата кадешто се носат одлуките за подобрување на заедницата, за градење на инклузивно и поправедно општество за сите и важно е да го искористат својот глас за да направат позитивни промени во државата. Ова се едни од пораките на третиот модул од Програмата „Future is Feminist“ што викендов се одржува во Охрид.

„Future is Feminist“ ја има токму оваа визија – да ги зајакне и охрабри сите девојки и жени да го заземат своето место во процесите за креирање јавни политики, да носат клучни одлуки за напредок и да целат кон развој на нивната кариера во бизнисот или политиката.

Третиот модул од Програмата насловен „Управување со време и приоритети“ го отворија консултантката за менаџирање со луѓе и експертка за кариерен развој Ивана Дојчиновска-Стојановиќ, пратеничката во македонското собрание Санела Шкријељ и директорката на СИГА Мила Царовска.

Низ интерактивни предавања, учесничките учат како да управуваат со времето и приоритетите, да ја дефинираат личната мисија, да делегираат задачи и донесат одлука, но и како да постигнат тимски резултати преку моќта на планирањето.

Дојчиновска-Стојановиќ истакна дека програмата „Future is Feminist“ пружа вистинска и директна поддршка за зајакнување и охрабрување на младите жени во заземање активна улога во градењето заедници кои пружаат вистинска еднаквост и безбедност за сите. Во однос на управувањето со време и приоритети, Дојчиновска-Стојановиќ посочи дека постојат три нивоа на планирање – стратегија, тактички план и оперативен план.

Шкријељ потенцираше дека најважната работа кај делегирањето задачи е довербата, а крајната цел е да се научи како да се управува со важни задачи пред тие да станат итни.

Досега, учество во модулите зедоа поранешниот приватен секретар на принцезата Дијана, консултант, новинар и бестселер автор на Њујорк Тајмс, со седиште во Вашингтон Патрик Џефсон, поранешната претседателска советничка, единствена жена којашто што работела за два американски претседатели Роналд Реган и Џорџ Буш постариот, за двајца премиери на Обединетото Кралство Тереза Меј и Дејвид Камерон, како и за Кралицата Елизабета – глобалната експертка за репутација, кризи и бренд менаџмент Мери Џо Џејкоби, експертката за комуникација и медиа од Албанија Едлира Џони, извршната директорка на Центарот за управување со промени Неда Малеска Сачмароска. редовната професорка за бизнис и менаџмент на Институтот за социолошки и политичко–правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Марија Топузовска Латковиќ и управниот директор на првиот акцелератор за социјално претприемништво и импакт бизниси во Македонија Кристијан Милевски.