Светот се обедини за Турција

Меѓународната заедница ја препозна важноста за заедничка соработка во очи на катастрофите кои може да предизвикаат големи уништувања. Од суштинска важност е сите држави да се здружат во меѓусебната поддршка во време на ваквите тешки катастрофи.

Додека Туркије се соочува со последиците од катастрофалните земјотреси од 7.7 и 7.6 степени кои погодија 11 провинции со население од над 13 милиони жители, многу држави и организации низ светот ја нудат својата поддршка и помош, од САД до Индонезија, од сиромашни до богати држави, што покажува дека Туркије има многу пријатели на меѓународно ниво.

„Особено кога глобалниот и регионалниот систем минува низ превирања, има потреба од актери како Туркије кои се залагаат за реформирање на системот. Туркије е најважниот дел од многу геополитички равенки. Затоа, стабилноста на Туркије е важна за стабилноста на сите соседни региони. Помошта која пристигнува треба да се оцени и низ оваа перспектива“, вели професор Вишне Коркмаз од Универзитетот Нишанташи во Истанбул.

Меѓународната помош е неизбежна по катастрофи

Меѓународната заедница ја препозна важноста за заедничка соработка во очи на катастрофите кои може да предизвикаат големи уништувања. Од суштинска важност е сите држави да се здружат во меѓусебната поддршка во време на ваквите тешки катастрофи.

„Овој земјотрес ја поставува основата за таква соработка. Политичките спорови на меѓународната сцена мора да се остават настрана за да се ублажи болката на настраданите, заради опстанокот на човекот и човештвото“, вели Мурат Аслан, истражувач за безбедност во Фондацијата СЕТА од Анкара.

Заедничката меѓународна посветеност за унапредување на соработката за време на катастрофа е суштински аспект на современиот одговор при катастрофи.

„Да се биде солидарен при катастрофа и да се биде дел од управувањето со кризи е вложување труд во одржување на меѓународниот поредок и меѓународната заедница“, вели професорот Коркмаз.

Меѓународните напори за достава на хуманитарна помош ги обезбедуваат неопходните потреби за храна, вода, засолниште и медицински препарати за погодените од земјотресите. Волонтери од целиот свет собираа и конкретни предмети кои се многу потребни како зимска облека, ќебиња, хигиенски средства, млеко за новороденчиња…

Многу земји испратија тимови за потрага и спасување за да помогнат во лоцирањето на преживеаните и расчистувањето на урнатините. Повеќе од 70 земји испратија спасувачки тимови во Туркије или во зоната на земјотресот се испратени околу 8.500 припадници на странски тимови.

Земјите, исто така, може да пружат финансиска помош за обнова на градовите и потребите на жртвите од земјотресот додека меѓународните добротворни организации собираат милиони евра во донации.

Државите одговорија на дипломатските повици за помош на Туркије

Туркије е една од водечките држави во обезбедување меѓународна помош и има остварено значаен придонес во напорите за справување со катастрофи но, и развојни проекти во многу држави низ светот.

Туркије е земја која обезбедила најмногу хуманитарна помош со 5,5 милијарди долари во споредба со нејзиниот БДП, покажа Извештајот за глобална хуманитарна помош за 2022 година, изработен од Иницијативи за развој со седиште во Велика Британија.

Сега, повеќе од 70 држави ја помагаат и поддржуваат Туркије.

„Помошта за земјотресите ни покажа колку е ефикасна стратегијата за мека моќ на Туркије ориентирана кон пријателите. Се зголемува и бројот на пријателски земји“, вели проф. Озден Зејнеп Октав од Универзитетот Меденијет во Истанбул.

Повеќе од 20 години, Туркије обезбедува помош за земјите на кои им е потребна во Африка, Азија, Европа и Америка, и е особено активна во обезбедувањето помош на земјите погодени од природни катастрофи, конфликти и миграциски кризи.

„Туркије со години се трудеше да застане покрај сиромашните и неразвиените земји на принципот на „хуманитарна дипломатија“. Туркије им помогна на овие држави во многу катастрофи и развојни проекти. Сега Туркије го жнее она што го посеала“, вели професорот Тарик Огузлу од Универзитетот Ајдин во Истанбул.

„Туркије и турскиот народ дефинитивно ќе ја видат меѓународната солидарност што ја забележаа во рамки на последната катастрофа како пример за лојалност кон добрината“, смета проф. Коркмаз.

Веднаш по земјотресот почна да се слева помош истовремено од многу страни на светот, и од сиромашните земји од Африка, Азија и Јужна Америка, и од богатите држави како САД, Франција, Канада, Австралија и Јапонија што е многу важен развој на настаните гледано во рамки на меѓународните односи.

„Туркије со години се обидува да биде портпарол на неразвиените и угнетените земји со акцент на правдата и еднаквоста. Овие помагала ни покажуваат дека дискурсите на Туркије нашле на одговор меѓу луѓето од развиените и неразвиените земји“, дополнува проф. Огузлу.

Катастрофите ги зајакнуваат билатералните односи

Експертите сметаат дека оваа помош позитивно ќе влијае на билатералните односи.

„Понекогаш ваквите катастрофи можат да ги подобрат нашите односи, иако привремено, дури и со земјите каде што имаме хронични проблеми. На пример; по земјотресот во 1999 година нашите односи со Грција беа многу подобри. По овој земјотрес очекуваме „затоплување на климата“ меѓу двете земји“, вели професор Октав.

Во знак на поддршка, грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас ги посети областите погодени од земјотресот во Туркије на 12 февруари заедно со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Ваквиот развој на настаните всушност ја потврдува тезата на експертите.

„Оваа меѓународна помош ќе има позитивно влијание врз надворешната политика на Туркије на долг рок како со Југот така и со Северот. Туркије од првиот момент доби голема помош од земји чии односи во последно време беа замрзнати со самата Туркије како Грција, САД и Франција“, вели проф Огузлу.

Следствено, исто така, поддршката и помошта од Русија и Украина покажаа дека дури и земјите во војна соочени со трагедија можат да се здружат за да им помогнат на тие кои се најпогодени во Туркије.

„Многу ветувачки е да се види дека две држави во војна, Русија и Украина, побрзаа да и помогнат на Туркије. Рускиот контингент и 88 лица од Украинската служба за итни случаи дојдоа во Туркије да им помогнат на луѓето. Тоа е многу важен развој во историјата на човештвото што може да обезбеди заедничко разбирање во однос на хуманитарните вредности“, вели Аслан.

TRT Balkan