Најслабиот бундеслигаш го запре Унион Берлин да биде нов лидер

Најслабиот бундеслигаш Шалке 04 успеа да одолее во Берлин и да го сопне фаворизираниот Унион Берлин со ремито без голови, спречувајќи ја сензацијата сезонава да го прескокне првакот Баерн Минхен и да биде нов лидер во германската елита во ова 21. коло.

Немаше Унион Берлин таква надмоќ како на минатите мечеви, но имаше неколку одлични шанси кои не успеа да ги реализира, па Шалке успеа да го одбрани голот и да го запише четвртото реми во низа од вкупно седумте досега сезонава, па со 13 бода останува фенерџија во Бундеслигата.

Најблиските ривали за опстанокот Хофенхајм и Штутгарт имат по 19 бода и се први во сигурната зона, колку што има и Бохум на позиција за бараж за опстанок.

Унион Берлин со оваа нерешана си ја прекина извонредната серија од пет победи во низа, па го запиша четвртото сезонско реми и сега има 43 бода исто колку и Баерн, но послаба гол-ралзика. Шанса да им се приклучи со идентично бодовно салдо сега има Борусија Дортмунд која игра против Херта.