ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС ОТВОРЕН ЗА ПРВ ПАТ ПО ДВА ВЕКА! Археологот откри: „Колената ми се стресоа кога плочата беше поместена!
Со децении, гробот на Исус Христос во црквата на Светиот гроб во Ерусалим е заштитен од распаѓање со метална конструкција, која држи мермерни блокови нагризани од временските услови и влијанието на аџиите и туристите. Беше целосно запечатен повеќе од два века , а потоа научниците првпат го отворија пред шест години.
Христијанските заедници во Светата земја неколку месеци претходно започнаа со обновување на тешко оштетеното вечно место на Исус.
Според верувањата, телото на Исус Христос било положено во 33 година под карпата што се наоѓа во ова светилиште.
Мермерната плоча што го покрива гробот беше отстранета три дена за реставрација и археолошка анализа. Тоа беше првпат да се премести најмалку од 1810 година , кога беа извршени последните работи поради пожарот во базиликата, а можеби и порано, изјави отец Самуел Агојан од Ерменската црква.
Грчки експерти беа задолжени за реконструкцијата , а целиот процес беше снимен од National Geography за потребите на документарниот филм. Ликот на Исус може да се види во тесен дел од просторот, под скриен панел. Пронајдени се бројни материјали кои се проследени на понатамошна детална анализа.
Отворањето на гробот ќе им даде единствена можност на експертите да го испитаат првобитниот темел на најсветото место на христијанството – истакнаа археолозите во тогашните медиуми, а видеото го објави „Nation Geographic“ во 2016 година.
Работите беа финансирани од трите главни христијански деноминации кои управуваат со базиликата на Светиот гроб (католици, православни, ерменски христијани) .
– Морам да признаам дека колената ми се свиткаа кога плочата беше поместена – изјави Фред Хиберт, постојан археолог на National Geographic.