Грозје – овошје со неверојатно богата хранлива вредност

Грозјето содржи вредни витамини и минерали, но и други хранливи работи кои имаат позитивно влијание на вашето здравје.

Покрај исклучително богатиот, сладок вкус и уникатната текстура, грозјето има неверојатно богата хранлива вредност.

Грозјето со години се смета за крал на овошјето без разлика на бојата на неговата површина.

Во црното грозје има и флавоноиди кои се борат против слободните радикали во телото, содржи големи количини на бетакаротен, магнезиум, бакар, калциум, железо, како и витамините Ц, К и Е.

Спречува запушување на крвните садови, појава на инфаркт, ја поттикнува циркулацијата ги ублажува инфективните процеси кај цревата и позитивно влијае на дијабетичарите.

Белото грозје е добар извор на витамините: А, Ц и К како и некои минерали како калциум и железо.

Можете да го додадете и во различни овошни салати, да го замрзнете, да го додавате во различни сокови, да направите вино итн.