ГРОМ УДРИЛ ВО ДРВО ПА СЕ ЗАПАЛИЛА И КУЌАТА: Детали за смртта на жена во Србија

Една жена загина во пожар во Ковачица, кој избувна откако гром удри во дрво, соопшти денеска Полициската управа Панчево.

Според нив, гром удрил во дрво покрај куќата и пожарот се проширил на куќата.

Жената се обидела да го изгасне пожарот, но проголтала јаглерод моноксид. Лекарските екипи можеле само да констатираат смрт на жената.