Никола Груевски реагираше на изјавата на досегашната уставна судијка Добрила Кацарска и на нејзината изјава дека некој од нив ја удрил на плажа во Грција.
„ОТКАКО СДСМ ГИ ЗАГУБИ ИЗБОРИТЕ МОНСТРУМОТ ДОБРИЛА КАЦАРСКА ВО ОБИД ДА СЕ ПРИКАЖЕ КАКО ЖРТВА, ОБЈАВУВА ДЕКА ПРЕД 6 ГОДИНИ ДОБИЛА КЛОЦА НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА ВО ДУХОТ НА СКЕЧОТ НА ЦАЦКО ЗА ФИЛМОТ СО СКШЕНАТА КИЧМА
Судијката на Зоран Заев, по име Добрила Кацарска, во периодот 2018/19 година, во период пократок од една година, успеа најпрвин да го ослободи од казна затвор Зоран Заев од случајот во кој тој уценува и бара мито за него лично од човек кој го пријавил во полицијата за барање мито, човек кој уредно и законски барал дозвола за градба, случај со обезбеден несоборлив доказ кој го видоа сите граѓани на Макеоднија и регионот, доказ кој беше легално прибавена видео и аудио снимка со решение на судија, од која јасно се гледа како недвосмислено бара мито и раскажува како куп други бизнисмени плаќале мито кај него за истата услуга, наведувајќи ги нивните имиња.
Таа со политичка нарачка и спогодба со Заев, со лажно обвинение за тероризам ги обвини луѓето од случајот “27 април” по 15-20 години затвор секому.
По нарачка на Заев истата ме осуди мене за набавка на блиндирано возило на МВР за кој сите сведоци предложени од обвинителството, вклучувајќи ги сите членови на комисијата за јавни набавки, сведочеа дека не само што не сум им влијаел (ниту јас, ниту некој друг нивни надреден), туку не ме запознале никогаш лично во животот.
Истата која континуирано судеше по нарачка политички предмети, го осуди и градоначалникот на Битола кој сеуште е во затвор, и група луѓе со него, дека набавиле поскапа нафта за училишта по цена која била висока, а по повисока од таа цена во ист период набавиле двајца други градоначалници на СДСМ, меѓу кои и нејзиниот штитеник и политичко-кариерен спонзор – Зоран Заев.
Овој монструм со човечки лик, што се себеси се смета за судија, по политичка нарачка осуди еден куп други луѓе со невистинити обвиненија, се со цел да добие висока функција и да стане член и претседател на уставниот суд на Македонија, што и го постигна на многу нечесен и брутален начин, и во моментот сеуште е на тоа функција, вчера кажала на една телевизија дека во периодот откога ја објавила политички нарачаната пресуда за мене заминала на одмор во Грција со другарка и, и таму наводно некој кој не го именува и удрил клоца на јавно место, на плажа, во пределот на глуждот на ногата, што и направило модринка, по што утредента заедно со другарка и, одлучила да се врати за Скопје, и при тоа возела кола како што нагласи со таква нога – удрена со клоца претходниот ден и со модринка.
Демек големи маки тргала.
На прашање дали го пријавила случајот на полицијата во Грција, одговори дека не го пријавила бидејќи го сметала за изолиран случај.
Незнам дали таков настан навистина се случил, или станува збор за психолошка последица на личност што во животот направила многу злодела, личност која ставила во затвор со лажни обвиненија и по политичка нарачка голем број луѓе за да добие лична корист-кариерно унапредување.
Личност која претходно самата се понудила во владата која ја предводев на тогашниот министер за правда Михајло Маневски исти такви злодела да прави на секого што ќе и биде нарачано, доколку и помогне да стане претседател на кривичниот суд, во што тој не се впуштил (“подготвена сум да одработам се што треба…”).
Незнам дали навистина некој и удрил клоца на плажа во Грција, или станува збор за “Божја клоца”.
И незнам кога сакајќи да оствари лична корист – големо кариерно унапредување, со уништување на животите и семејствата на голем број луѓе што му пречеле на криминалецот и предавникот на македонските национални интереси Зоран Заев, што таа очекувала после тоа?
Да и делат цвеќе на улица?
Да и честитаат?
Да се воодушевени од неа и нејзините нечесни постапки?
Да биде позитивен пример во државата и општеството?
Очигледно овој монструм со човечки лик, си ја има “мувата на капата”, па “си ја ишка”.
Таа до крајот на животот ќе живее со со таа тежина на совеста од направените злодела, и со чувството и потребата да се претставува како жртва пред јавноста, кога веќе не може како херој.
Знам дека лично не сум помислил, а не па да нарачам некој физички да и се одмаздува. Искрено не знам ниту некој при здрав ум што би го правел тоа со “клоца на плажа во Грција”, пред неколку стотици луѓе наоколу.
Нема логика некој што судел правично и по слободно убедување, толку да се правда и лажно прикажува за жртва.
Ваквите монструми има кој да ги казни и тоа потешко, а не физички. Товарот на совеста е тежок. Не ме чуди да почнат да и се присторуваат и чавки да ја напаѓаат и мачки да ја гребат и комарци по нарачка да ја касаат.
Како мене ми изгледаше нејзината изјава, нема да опишувам со зборови, туку приложувам линк со видео од кој најдобро се илустрира мојот поглед на изјавата на Добрила Кацарска дека пред шест години добила клоца на улица во Грција во пределот на глуждот на ногата и модринка, и така со клоца удрена во пределот на глуждот на ногата, утредента го прекинала одморот и возела кола до Скопје, ама не пријавила на пријателската грчка полиција бидејќи не именуваниот наводен удирач на клоца го сметала за изолиран случај“, напиша тој на фејсбук.