– Група високорангирани офицери на габонската војска на националната телевизија ова утро објавија дека ја презеле власта во оваа средноафриканска земја.
Потегот уследи откако габонскиот изборен центар потврди дека актуелниот претседател Али Бонго официјално го освоил својот трет претседателски мандат со 64,7 % од гласовите.
„Денес, 30 август 2023 година, ние, силите за одбрана и безбедност, обединети во Комитетот за транзиција и обнова на институциите, во име на народот на Габон и како гарант за заштита на институциите, одлучивме да го браниме мирот ставајќи точка на сегашниот режим“, соопшти портпаролот на војската.
Тој ги прогласи за поништени општите избори одржани на 26 август и додаде дека се затвораат сите граници и се распуштаат сите републички институции.