Два дена откако врховниот командант на НАТО во Европа, Кристофер Каволи, соопшти дека на почетокот на следната недела ќе почне „најголемата вежба во последните децении“ – „Упорен бранител 2024“ (Stedfast difender 2024), во која ќе учествуваат околу 90.000 војници и која ќе трае неколку месеци, следеше првичната и многу остра реакција на официјална Москва.
„Вежбите на НАТО од таков обем го зголемуваат ризикот од воени инциденти, но Русија не може да биде заплашена од такви провокативни демонстрации на сила“, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко.
Грушко за руските медиуми кажа дека секој настан од оваа големина значително го зголемува ризикот од воени инциденти и дополнително ја дестабилизира безбедносната ситуација.
Според него, интересите на европската безбедност денес малку ги засегаат оние што го водат НАТО, бидејќи, како што рече, „главно им е да го задржат овој инструмент на американско влијание, во веќе изгубената борба за зачувување на западната хегемонија. во светот.”
Истовремено, дипломатот нагласи дека Русија не може да биде заплашена од овие провокативни демонстрации.
„Москва ги има сите ресурси да ја осигура безбедноста и одбранбената способност“, изјави заменик-шефот на руската дипломатија.
Грушко смета дека обемот на вежбите на НАТО го означува конечното и неотповикливо враќање на Северноатлантската алијанса кон шемите на Студената војна насочени за конфронтација со Русија.
Грушко изјави дека подготовките за вежбите се одвиваат во заднината на „вештачки вжештената ситуација на воена психоза“ и ги повикува Европејците да се подготват за можна војна со Русија.
„Целта е јасна: со демонизирање на Русија, со заплашување на просечниот човек, да се оправда неограниченото зголемување на воените трошоци и целосно неуспешната политика на поддршка на режимот во Киев со цел да и се нанесе стратешки пораз на Русија“, рече Груско