Јанис Сферопулос договорил се со Црвена Звезда и ќе го преземе клубот од Мали Калемегдан.
Ова го тврди реномираната грчка агенција СДНА .
Според нивните информации, искусниот Сферопулос постигнал дефинитивен договор со Црвена Звезда, а официјалното соопштение се очекува во наредните денови. Така, 56-годишниот грчки тренер би се вратил во Евролигата по 20 месеци, односно од раскинувањето на соработката со Макаби.
Додаваат и дека договорот меѓу двете страни е постигнат многу брзо.
Така грчкиот стратег би го заменил Душко Ивановиќ, кој вечерва по четири кола во Евролигата и резултат 1-3 се раздели со црвено-белите.
Сферопулос е надвор од терените од минатата година, кога го заврши четиригодишниот договор со Макаби Тел Авив.
Во текот на кариерата тренерот роден во Солун работеше како асистент во Аполон, ПАОК, Олимпијакос, Колосос, ЦСКА Москва, како и во Хјустон Рокетс во НБА. Од 2012 до 2014 година раководеше со Паниониос, а потоа и Олимпијакос четири години. Од 2018 до 2022 година беше на чело на Макаби Тел Авив.
Двапати беше шампион на Грција со Олимпијакос, а трипати шампион на Израел со Макаби. Освои и еден куп на Израел.