– Шумските пожари што траат од 19 август во различни делови на Грција, особено во регионот на Александрополис и Еврос (Марица), сѐ уште не се ставени под контрола.
Во шумското подрачје зафатено со пожарот пронајдено е тело за кое се претпоставува дека е на нерегуларен мигрант.
Според информациите на грчката државна телевизија ЕРТ, утрово било пронајдено изгорено тело во шумското подрачје кај селото Лефкими.
Се смета дека телото, кое е однесено на обдукција во Институтот за судска медицина, е на нерегуларен мигрант што се обидувал преку реката Еврос (Марица) да премине во Грција.
Пожарите што траат од 19 август сѐ уште не се ставени под контрола, но нивното дејство е намалено.
На подрачјето на Виотија пронајдени се тела на пастир и нерегуларен мигрант.
Телата на 18 лица, меѓу кои и на две деца, беа пронајдени на 22 август во шумското подрачје Дадија, а најверојатно се на нерегуларни мигранти што се обидувале да преминат во Грција.
За седум дена, колку што беснеат пожарите, животот го изгубија 21 лице.