Шефот на турската дипломатија Фидан се состана со украинскиот претседател Зеленски

– Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, во украинскиот главен град Киев беше примен на средба од претседателот на Украина, Владимир Зеленски.

Информацијата преку соопштение објавено на платформата X ја потврди Министерството за надворешни работи на Туеција.

„Нашиот министер Хакан Фидан во Киев беше примен на средба од страна на украинскиот претседател Владимир Зеленски“, се наведува во соопштението.

Турското МНР сподели и фотографија на Фидан и Зеленски.