Македонија, нема одлука за истражна комисија за скандалот во Онкологија

Собранието на РСМ се уште нема донесено одлука за формирање на Истражна комисија за скандалот во Онкологија, која Комисија беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија предлага преку оваа комисија да се докаже политичката одговорност и начинот на кој со години се дозволува злоупотреба. Тие предлагаат мнозинството во комисијата да го имаат СДСМ, ДУИ и Алијансата, додека комисијата ќе ја води заменикот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнителна вредност ќе има и докажувањето на политичката одговорност на дел од здравството и владините функционери затоа што во овој момент има силна поларизација и, за жал, општо валкање на голем дел од лекарите и медицинскиот персонал кој во најголем дел работи со одговорност, со совест и грижа за секој пациент според обврска и можност“, изјави Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ бараат случајот да не се политизира.

„Јасно се гледа волјата на мнозинството пратеници сомнежите за тоа што се случи на Клиниката за онкологија да се истражат до крај, да се најдат вината и виновниците, да бидат изведени пред лицето на правдата и има одговорност. Но, неприфатливо е тоа што некои од опозицијата се обидуваат да го направат, да го политизираат овој настан, да поентираат политички поени за чувствата на луѓето кои имале болни случаи“, изјави Дарко Каевски, СДСМ.

Според опозицијата, веднаш по објавувањето на скандалот прв требаше да поднесе оставка на министерот за здравство.

„Министрите треба да се научат дека кога ќе им се случи вакво нешто за време на нивниот мандат или нешто толку страшно како што е случајот во Тетово, во тој момент да си заминат за да покажат дека се одговорни објективно, а не субјективно. Министерот не е одговорен за онкологија, но под негова надлежност се сите здравствени установи, нагласи Гордана Силјановска .