Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска поделба на предметите во јавните обвинителства

Предлог-законот за дополнување на Законот за јавното обвинителство ќе биде објавен во Националниот регистар за електронска евиденција, велат од Министерството за правда.

„Одобрувањето на Законот за дополнување на Законот за јавното обвинителство произлегува од потребата од зајакнување на механизмите за електронска поделба на предметите во јавните обвинителства, а во него се прецизираат надлежностите на органите и телата дефинирани со Законот за вршење на надзор.

Исто така, измената што се предлага е во согласност со основната цел на Владата на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија и е во духот на реформите во областа на правосудството и неговото натамошно унапредување“, велат од Министерството.

Како што велат од ова министерство, Министерството за правда, согласно Законот за судовите, врши редовен надзор над работењето на судовите. Министерството за правда, по извршениот надзор во судовите, изготвува записник и го објавува на веб-страницата на Министерството за правда и го проследува до највисокиот суд и до Судскиот совет на Република Северна Македонија. Исто така, Комисијата изготвува шестмесечни извештаи кои се објавуваат на веб-страницата на Министерството за правда, а кои ги содржат состојбите пронајдени во судовите во однос на спроведувањето на одредбите од Судската регулатива и автоматската поделба и прераспределба на предмети во судовите .