Грција гори: На Родос најголемата евакуација во историјата на Грција. Критично е и на островот Крв! (ВИДЕО)

На Родос се случува најголемата евакуација во историјата на Грција. Германија и Велика Британија престанаа да испраќаат нови туристи, ги пуштаат авионите празни за евакуација, се пишува на социјалната мрежа Твитер.

Многу критично е и на островот Крв, каде пламените јазици се шират со огромна брзина поради неповолните временски услови: рекордно високи температури и многу силен ветер.

Голем пожар го зафати и островот Евиа по што властите наложија евакуација на населението од најкритичните места.