Спасовски: Од септември платите на полицајците се зголемуваат за 10 проценти

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, говорејќи за барањата на Синдикатот на полицајците кои бараат зголемување на платите, за Алсат изјави дека од септември платите на полицајците се зголемуваат за 10 проценти. Според Спасовски, од неговото доаѓање на чело на МВР, платите на полицајците се зголемени за 25 проценти.

„Потпишан е новиот колективен договор во кој е предвидено зголемување на јавниот сектор за 10 проценти. Во неа паѓа и полицијата. Од септември ќе има ново зголемување на платите за 10 проценти“, изјави Спасовски.