Анчелоти: Нема да заминам од Реал додека не ме избркаат

Италијанскиот фудбалски стручњак Карло Анчелоти проговори за својата иднина во Реал Мадрид.

Тренерот на мадридскиот клуб го сподели своето мислење по освојувањето на клупското светско првенство.

– Нема да заминам додека не ме избркаат, рече Анчелоти.

Шеесет и тригодишниот Италијанец има договор со Реал Мадрид до јуни 2024 година. Деновиве се шпекулира дека Анчелоти би можел да ја предводи бразилската репрезентација.

По 20 натпревари, Реал Мадрид е на второто место во Ла Лига, со осум бода помалку од Барселона.