Контроверзниот рапер го шокираше светот со својот стајлинг: Сите ги гледаа неговите натписи на кирилица

Канје Вест и Бјанка Сенсори не престануваат да ја шокираат јавноста со своето однесување, но и со модните креации.

Контроверзниот рапер со месеци е во центарот на вниманието поради неговите изјави, а неговата сопруга Бјанка поради голотијата.

Веќе подолго време се шпекулира дека Канје веќе подолго време планира да ја прекине соработката со Адидас, но тоа сè уште не се случило. Според последните информации, брендот се огласи за тоа и најави дека ќе ја прекине соработката со раперот, а сите преостанати патики ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Канје сега на кирилица покажа каков е ставот за таа кампања.

На црната маичка, која ја носеше преку качулка, на градите пишуваше „Адидас“, а во горниот лев агол „фа*“. На задната страна од кошулата, исто така на кирилица, со големи букви пишува „Adi nakui“, што веројатно значи „Не го прави тоа“.

Потсетуваме, странските медиуми неговото бизарно однесување го окарактеризираа како храбро прифаќање на модата, а Канје веќе подолго време страда од манични напади и е склон кон насилство.