ГРЦИЈА ПОД УДАР НА СТРАШНО НЕВРЕМЕ Итни предупредувања пристигнаа и на мобилните телефони: Доколку летувате на овие локации, следете ги упатствата на грчките власти

Грција денес ќе ја зафати жестоко невреме, а тоа го најави министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас.

Како што изјави Кикилијас, денес се очекува силно невреме.

„Комисијата за проценка на ризици утринава на вонреден состанок не информираше за опасни временски појави со силно невреме и многу интензивни грмежи утре во повеќе области од државата“, најави министерот.

Според прогнозите, најголеми проблеми ќе се појават во утринските часови на Халкидики и соседните области (односно јужните области на областите Солун, Сер, Кавала и Споради), додека од пладне до доцна навечер појавата ќе се прошири и на Фтиотис, Фокида, Воотија, Атика, Коринтија и Арголис.


Посебно внимание е потребно поради ова невреме, особено во врска со молњите на копно и на море.

Нагласено е дека жителите и посетителите мора да бидат особено внимателни со ненадејните бури на море, за кои сите знаат колку се опасни, додека во областите каде што ќе врне интензивни врнежи, посебно внимание треба да се посвети на реките и потоците.


„Фактот што до вчера имавме големи пожари, а ќе се соочиме со екстремни дождови, покажува колкава е климатската криза што сега ја доживуваме во нашата земја“, рече Кикилијас.

Наскоро ќе се состане и Координативниот комитет за цивилна заштита, така што во максимална подготвеност ќе бидат Противпожарната служба, крајбрежната стража, ЕЛАС, секако и вооружените сили и локалната самоуправа од прво и второ ниво, се заклучува во соопштението.