Грчката амбасадорка ја напушти инаугурацијата на Силјановска-Давкова поради заклетвата без „Северна“
Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која заедно со колегите амбасадори дојде да ја проследи седницата на Собранието за инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на државата, ја напушти пленарната сала. Заминувањето е во знак на протест поради тоа што Силјановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија туку користеше Македонија.
Веста прв на Икс ја објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.