Гуски обезбедуваат затвор во бразилската држава Санта Катарина

Гуски ги заменуваат кучињата како чувари во затворот во бразилската држава Санта Катарина, објавија британските медиуми.

Задачата на гуските е да внимаваат на обидите за бегство од затворот и да сигнализираат дали ќе се случат.

Во еден од затворите во бразилската држава, гуски патролираат по зелениот периметар сместен меѓу внатрешната ограда и главниот надворешен ѕид што го дели затворот од надворешниот свет.

Претставниците на поправната установа велат дека гуските се исклучително будни, што ги прави одлични чувари – дури и подобри од кучињата.

Раководството на затворот соопшти дека одгледувањето на птиците е поевтино од чувањето кучиња и дека мирната локација на затворот е предуслов за висока ефикасност во работата на гуските.