Мадона откри дека летово била во индуцирана кома: Се онесвестив на подот во бањата

Мадона неодамна откри дека летово била во индуцирана кома и дека една жена и го спасила животот. Имено, на еден од нејзините последни настапи во Њујорк, таа им се заблагодари на пријателите и луѓето од нејзината околина и изјави дека ја спасила жена која не ја ни памети.

„Има некои многу важни луѓе во оваа соба вечерва кои беа со мене во болница. Има една многу важна жена која ме одвлече во болница, на која не се ни сеќавам. Се онесвестив на подот во бањата и се разбудив во ИЦУ. Зачуван е мојот живот“, изјави пејачката.

Таа потоа откри дека поминала 48 часа во индуцирана кома, а кога се разбудила ги видела своите деца и се пошегувала дека „речиси морала да умре“ за да ги види сите нејзини деца собрани во една соба.

Инаку, Мадона итно била префрлена во болница на крајот на јуни, а нејзиниот менаџер Гај Осеари потоа сподели на Инстаграм дека Мадона развила сериозна бактериска инфекција поради која останала извесно време во болница и била под надзор на лекари. .