“Г-ЃО, НЕМАТЕ ДОКАЗИ!“ – Млада девојка го тужела директорот за сексуално вознемирување поради два збора, а судот категорично ја одбил и казнил: “Погрешивте…“
Девојка вработена во ИТ индустријата го тужела својот претпоставен за сексуално вознемирување бидејќи неговите пораки со псевдонимите – „xx“, „yy“ и „????“ напишани во е-поштата, таа ги толкувала како праќање бакнежи и барање сексуални односи, пишува BBC.
Карина Гашпарова, исто така, мислела дека иницијалите на нејзиниот претпоставен Александар Гуландрис биле – „AJG“, со кои тој именувал датотека, а всушност тоа се кратенка од „A Jumbo Genital“, а не неговото име и презиме.
Судот во Лондон соопштил дека перцепцијата на Карина Гашпарова е целосно „искривена“, па затоа нејзиното барање било веднаш отфрлено во целост.
Карина Гашпарова работела како проект менаџер во лондонската канцеларија на essDOCS, компанија која на клиентите им нуди решенија за трговија без хартија.
Девојката ги тужела компанијата и нејзиниот директор за сексуално вознемирување, дискриминација и неправедно отпуштање.
Таа изјавила пред судот дека мислела дека нејзиниот претпоставен, Александар Гуландрис, „се обидува да ја заведе“ за време на деловните разговори и вели дека агресивно гледал во неа.
Таа, исто така, кажала дека е-поштата на нејзиниот претпоставен инсинуирала желба да се според неа – „вклучи во сексуални дејствија“.
Карина Гашпарова поднела тужба против Александар Гуландрис и компанијата во април 2021 година, но исто така и поднела оставка откако тужбата била отфрлена.
Судот ги нарекол нејзините тврдења „искривена перцепција на секојдневните настани“ и додал дека „покажала тенденција да изнесува неверојатни тврдења без докази“.
Откако нејзиното барање било отфрлено, на Карина Гашпарова и беше наложено да плати 5.000 фунти како трошоци кон essDOCS.