СТРАШНА ИСПОВЕД – Првиот човек на украинската тајна служба си ја отвори душата: “Да, го направивме тоа! И јас лично ќе се погрижам да продолжиме да го правиме тоа…“

Генерал-мајор Кирило Буданов, прв човек на воената разузнавачка служба на Украина, призна дека нивните агенти убиле некои пропагандисти на Кремљ за време на 15-те месеци од руската инвазија на неговата земја. 

Тој исто така вели дека Киев има намера да воспостави демилитаризирана гранична зона од речиси 100 километри внатре во руската територија за да спречи какви било идни напади. Станува збор за изјави, како што оценува весникот The Times, кои ќе предизвикуваат нови стравувања од ескалација на војната.

Дали украинските тајни служби се насочени кон руски пропагандисти ? Па, да го кажеме тоа вака: Веќе успешно таргетиравме неколку луѓе. Имаше неколку публикувани случаи за кои сите знаат, благодарение на медиумското покривање“, одговорил 37- годишниот Кирило Буданов на прашањето дали украинските служби за безбедност убиле руски пропагандисти, зборувајќи за украинскиот канал на Јутјуб Rizni Lyudi (превод – „Различни луѓе“).

Меѓутоа, како што пренесува рускиот независен медиум Meduza, Кирило Буданов исто така истакнал дека мора да го каже она што специјалните служби во светот секогаш им го кажуваат на новинарите, имено дека тие не можат да коментираат за оваа работа и дека ниту ќе потврдат ниту демантираат каква било информација.

Кирило Буданов

Неколку влијателни провоени личности се убиени или ранети од експлозиви поставени на руска територија од февруари минатата година. Во последниот таков инцидент, на 6. мај, на 47-годишниот писател Захар Прилепин, кој се фалеше дека убива Украинци „во голем број“, му беа скршени двете нозе при експлозија на автомобил-бомба, во која загина неговиот телохранител. Нападот се случи во близина на Нижни Новгород, на околу 420 километри источно од Москва.

Руските истражители соопштија дека го испрашувале осомничениот Александар Пермјаков, кого го обвинија дека соработувал со украинските разузнавачи.

Владлен Татарски, вистинско име Максим Фомин, екстремно влијателен 40-годишен провоен руски воен блогер и наводен соработник на првиот човек на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, бил убиен со експлозив скриен во статуетка на која тој се прикажува себеси, која ја добил како награда во кафуле во Санкт Петербург за време на провоен настан на 2. април. Статуетката му ја врачи 26-годишната Дарја Трепова, која беше обвинета за тероризам од руските истражители за тоа убиство.

Меѓутоа, Министерството за внатрешни работи на Русија исто така објави дека е распишана потерница по Јуриј Денисов, украински државјанин за кој тврдат дека два месеци го следел Владлен Татарски од стан во близина на неговиот дом. Наведено е дека тој пристигнал од Летонија по инструкции на „украинските специјални служби“.

Минатиот август, 29-годишната Дарја Дугина, провоена коментаторка на про-Кремљ државниот телевизиски канал Russia Today, беше убиена од автомобил-бомба. Се смета дека целта всушност бил нејзиниот татко Александар Дугин, ултра-националистички идеолог за кој се вели дека има силно идеолошко влијание врз рускиот претседател Владимир Путин.

Нападите со беспилотни летала врз Кремљ на 3. мај се случија поради руска агресија“, тврди Кирило Буданов, додавајќи дека неодамнешните акти на саботажа на руска територија, вклучително и излетувањето од шините на товарен воз и нападите на нафтената и гасната инфраструктура во близина на украинската граница, биле спроведени речиси 100 проценти од граѓани на Руската Федерација.

Во одвоено интервју за друг канал на Јутјуб, Кирило Буданов вели дека има „мал број Руси“ кои работат со неговата украинска воена разузнавачка агенција (ГУР). Како што вели, тие се мотивирани од „патриотски причини“ и „подготвени се да ја променат Русија“, пренесува The Times. Кирило Буданов истакна дека иако Владимир Путин е легитимна цел, Украина не се обидува да го убие.

Владимир Путин

Неговите агенти, вели тој, ќе продолжат да ги таргетираат оние Руси кои извршиле воени злосторства против Украина. „Вакви случаи имало и ќе продолжат, ќе добијат заслужена казна, а соодветната казна може да биде само ликвидација и јас ќе ја спроведам“, кажува тој.

Кирило Буданов ги обвини руските пропагандисти за сè побруталните тактики на Кремљ во Украина, бидејќи тие го затвораат Владимир Путин во маѓепсан круг на постојано влошување на ситуацијата од која тој не може да избега. „Кремљ инвестираше толку многу во оваа пропагандна машина што на крајот машината почна да влијае на нив“, тврди тој и вели дека московската деловна елита е против војната и бара начини да ја прекине.

Руските олигарси изгубија милијарди долари поради западните санкции и економскиот притисок, но нивните критики за инвазијата на Украина беа ретки и главно пригушени. Според The Times, дисидентите кои зборувале против војната биле затворани или отруени.

Наталија Арно, основачот на Фондацијата „Слободна Русија“, која побегна во САД во 2014 година, вели дека и таа била жртва на лоша игра за време на неодамнешната посета на Европа – нејзината хотелска соба била провалена и потоа испрскана со нешто што мирисало како што вели таа на евтин парфем, но можеби бил нервен агенс, кој предизвикал „акутна болка“.

Дури и ако Русите самите го соборат Владимир Путин, Украина сепак ќе треба да воспостави демилитаризирана зона на околу 100 километри во руската територија за да спречи иден конфликт“, тврди Кирило Буданов

Ова треба да биде нашата цел. Ако не нападнат и не решат дека сакаат да се одмаздат за неколку години, тоа не треба да биде проблем“, заклучува тој.