ФЕЈСБУК ПАДНА! Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со Facebook.

Како што пишуваат светските медиуми и веб-страницата „Down detector“, проблемот со работата на Фејсбук е пријавен во целиот свет, а најголемите поплаки доаѓаат за пристапот на популарната мрежа од компјутер.

За тоа сведочат големиот број твитови на социјалната мрежа Икс (Твитер). Проблемите започнаа околу пладне, со повеќе од 2.000 пријави за само неколку минути.