Далибор пред смртта признал дека му помогнал на братот да се ослободи од телото на Данка: Ги однел на 20 локации но не пронашле ништо (Фото)
Србија со денови беше на нозе и чекаше информации за пронаоѓањето на Данка Илиќ, додека целиот Балкан не го вознемири трагичната вест за нејзиното убиство, кога двајца педесетгодишници од селото Злот и Лука го признаа делото.
Агонијата е бескрајна со денови, со оглед на тоа што потрагата по телото на девојчето трае толку долго, иако полицијата ги користи сите средства случајот да го доведе до крај, денеска дојде до уште поголема компликација – кога починал Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот Дејан.
Како што неофицијално се дознава, причина за смртта бил срцев удар, а тој починал во текот на ноќта во Полициската управа Бор откако му се слошило. Во секој случај, телото е испратено на обдукција, по што ќе се знае повеќе.
Имено, Далибор признал дека бил дел од грозоморно злосторство и дека заедно со својот татко му помогнале на својот брат да го сокрие телото на девојчето, а потоа бил спроведен со полиција на одредени локации со цел да се реши мистеријата каде е телото на убиеното дете, но потрагата завршуваше на ист начин како и претходните денови – без никаква разрешница влеговме во нов ден на потрагата по телото.
– Далибор призна дека му помогнал на брат му да се ослободи од телото на девојчето, ја водел полицијата на 20 локации, но МВР на ниту една не пронашла ништо, а сега тој починал – изјавил извор за српскиот портал Курир.
Новинарот на српскиот портал Курир веднаш откако дознал дека зад убиството се кријат работници од водоводот, стапил во контакт со братот на осомничениот за монструозното убиство, не знаејќи дека и тој е дел од ова.
– Се надевам и му се молам на Бога тој да не стои зад ова – ни изјави тогаш братот на Дејан, но набрзо се испостави дека заедно со татко му учествувал во монструозен чин.
Заедно со неговиот татко Раде бил приведен во просториите на борската полиција, по што му била одредена мерка притвор до 48 часа, а ноќта меѓу саботата кон неделата починал, што соопшти и српското МВР.
– Осомничениот Д.Д.(1984) од Бор, кој во саботата добил притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на Д.Д.(1974) осомничен за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ по извршеното кривично дело, починал синоќа во Полициското одделение во Бор. На Д.Д му се слошило во раните утрински часови и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор кои се обиделе да го реанимираат, тој починал во 03:10 часот, а лекарот судски вештак констатирал дека е природна смрт – се наведува во соопштението на МВР.