Што се случи со цистерната? Камионџијата не можеше да поверува што се слулува на паркинг: Само што ги наполнив панталоните (ВИДЕО)

Надзорна камера го снимила застрашувачкиот момент кога камион цистерна ненадејно експлодира на паркинг во американскиот град Престон!

На видеото се гледа како резервоарот се претвора во стуткан метал додека возачот се обидува да влезе во кабината. Возачот веднаш побегнал, но ништо друго не се случило. Другиот човек кој случајно се нашол на паркингот не смеел ниту да се приближи.

– Катастрофален дефект… Ми експлодираше камионот и ги наполнив панталоните – изјавил возачот за локалните медиуми.

Имплозијата обично се јавува поради ненадејна разлика во внатрешниот и надворешниот притисок. Голем број механички дефекти може да доведат до имплозија, но најверојатно, при празнењето на резервоарот, воздухот не се пумпал, по што вакуумот се покажал посилен од отпорот на челикот.

Металот не можеше да го издржи атмосферскиот притисок и се намали навнатре.

Патниците на подморницата Титан, да потсетиме, загинаа и за време на патувањето до остатоците од Титаник поради имплозијата.