Дали Вучиќ ќе присуствува на Седница на Владата? Премиерката Брнабиќ ги откри последните детали, спомна и оставки

Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека во текот на денот ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со кого ќе разговара за неговото присуство на седницата на Владата во четврток на 8 јуни.

Брнабиќ за телевизијата Хепи, во врска со барањето од протестот „Србија против насилството“, за разрешување на министри во нејзината влада, изјави дека нема проблем и таа да поднесе оставка.

– Четврток е седница на Владата, ние вчера ја најавивме а денеска ќе ја подготвиме. Во ниту еден момент немам проблем да поднесам оставка од премиерската функција и да одам на избори, за тоа знае и претседателот Вучиќ – изјави Брнабиќ.

Зборувајќи за работата на владата на чело со неа, таа изјави дека „работеле и ќе работат секој ден најдобро што можат“, како и дека „нема проблем“ да преминат во опозиција.

– Она што ми е најневеројатно во целата драма што се прави во Србија е тоа што се плашиме од нешто. Знам дека Александар Вучиќ не се плаши, знам дека и кас не се плашам од ништо, а и граѓаните нема причина да се плашат – изјави Брнабиќ.