ДАЛИ ГЛЕДАТЕ ЕЗЕРОТО НА ОВАА ФОТОГРАФИЈА? Погледнете внимателно, луѓето „кршат глава“ поради оваа илузија (ФОТО)

Фотографијата прво беше објавена на Reddit каде ги полуде корисниците, пред да се „прошири“ низ глобалната мрежа и да стане апсолутен хит!

Прашањето е – гледате ли езерото на фотографијата ?

Изгледа едноставно, нели? И ве советуваме добро да се концентрирате пред да го дадете вашиот одговор.

Знаеме дека гледате дрво, тревник, па дури и чамец на вода? Дали сме во право?

Доколку одговорот е да, мора да кажеме дека ГРЕШИТЕ, бидејќи на фотографијата нема езеро, всушност нема ни капка вода, бидејќи се работи за најобичниот – ѕид.

Оваа оптичка илузија, како и многу други, ќе ви го „врти“ мозокот, а врз основа на бројот на коментари на Reddit, можеме да заклучиме дека измамила голем број корисници.

Едно лице беше многу неизвесно: „Знам дека тоа е ѕид, но секогаш гледам езеро. Ова е лудо!”