Дали докторите се најагресивни возачи!? Што кажува вашата професија за вашите возачки навики?

Истражувањето спроведено меѓу британските возачи открива поврзаност помеѓу професијата на возачот и неговите навики зад воланот.

Резултатите од истражувањето откриваат дека лекарите се на прво место по агресивност во возењето, додека фризерите доминираат во категоријата на учтивост.

Истражувањето укажува на директна врска помеѓу професиите и навиките за возење, откривајќи кои професии се повеќе склони кон брзо возење, несоодветно паркирање или дури и опасно однесување на патот, пишува Јутарњи.хр.

Според истражувањето на 2.000 Британци, градежните работници се истакнале како најбрзи возачи, а повеќе од 70% од испитаниците признале дека редовно ја прекршуваат дозволената брзина.

Од друга страна, медицинските работници признаваат дека често се „кратки фитили“, а повеќе од една четвртина користат несоодветни гестови и викаат за да ги изразат своите фрустрации на патот.

Интересно е тоа што фризерите покажуваат исклучителна учтивост, при што речиси сите испитаници во оваа категорија се трудат да им се заблагодарат и да ги пуштат другите возачи на пат, додека вработените во HR имаат најголеми тешкотии при паркирање.

Електричарите, пак, често забораваат да дадат сигнал кога излегуваат од кружен тек, пишува ThisisMoney.

Истражувањето открива и дека адвокатите, медиумските работници и претприемачите се најчесто меѓу оние кои се вклучуваат во сообраќајот во последен момент, покажувајќи склоност кон ризично однесување.

И покрај ваквото однесување, повеќето возачи веруваат дека се добри и безбедни учесници во сообраќајот, иако голем дел признаа дека често се чувствуваат фрустрирано или лути додека возат.

Огромното мнозинство верува дека сообраќајот би бил попријатен кога сите возачи би биле попристојни.