Дали е добро да имате интимни односи секој ден? Еве што велат експертите (фото)

Експертите се согласуваат дека е добро тоа што интимните односи ги радуваат луѓето. Во ред е да ги практикувате секој ден, но и многу поретко.

Одговарајќи на прашањето колку често е добро да се има интимни односи, психијатарот Мишел Диблази вели:

– Она што ги радува луѓето е добро. Безбедно е да се има секс секој ден, дури и повеќе пати на ден. Но, во ред е и да имате секс многу поретко.

– Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат интимни односи секој ден имаат исто ниво на среќа како и луѓето кои имаат секс еднаш неделно или помалку – изјави Дибласи за The Healthy.

Истражувањето објавено во 2017 година во списанието „Archives of Sexual Behavior“ покажа дека 15 отсто од мажите и 26 отсто од жените немале секс таа година и чувствувале исто ниво на среќа како и луѓето кои биле сексуално активни.

Среќата зависи од потребите на секој човек.

Најголемата придобивка од честите сексуални односи е намаленото ниво на кортизол во телото.

– Ова е хормон кој се ослободува кога телото е под стрес, а сексот го намалува стресот, па луѓето се чувствуваат помирни после него. Сексот може да помогне и за подобар сон – објаснува Дибласи.

Редовниот сексуален однос може да помогне за уште една важна работа – ја зајакнува врската меѓу партнерите. Телата произведуваат окситоцин, кој е еден од хормоните што помага при поврзувањето.

– Има една интересна работа, после секс – или дури и само близок физички допир или галење, окситоцинот може да остане во телото уште два дена – вели д-р Дибласи.

Истражувањето објавено во списанието „European Journal of Preventive Cardiology“ покажало дека сексот може да влијае и на продолжувањето на животниот век.

Студијата покажа дека луѓето кои имале секс барем еднаш неделно имале 10 до 21% помал ризик од смрт од срцеви заболувања, 44 до 49% помала стапка на смртност од други болести и 69% помала стапка на смртност од рак.