„Дали е таа нормална?! Потегот на кралицата Летиција на најважниот ден на нејзината ќерка некои ги разнежни, а други – ги налути (фото)
Принцезата Леонор, ќерка на шпанскиот крал Фелипе Шести , пред неколку дена, на денот кога наполни 18 години, официјално стана престолонаследник.
Таа на својот роденден положи заклетва на верност во Парламентот во Мадрид, со што беше официјализирано дека е идната кралица на Шпанија.
Принцезата Леонор во иднина ќе може да ги извршува должностите на регент во отсуство на нејзиниот татко, а таа ќе биде првата жена на таа функција во изминатите 150 години во Шпанија.
Шпанското кралско семејство – кралот Фелипе, кралицата Летиција и принцезата Инфанта Софија – беа таму за да ја поддржат Леонор на најважниот ден од нејзиниот живот досега, а нејзиниот татко исто така имаше улога во церемонијата, како крал на земјата.
Кралицата Летиција, која вообичаено е во центарот на вниманието каде и да се појават, овојпат избрала едноставен и ненаметлив фустан, најверојатно за да не и’ го „украде шоуто“ на својата ќерка, па така Леонор беше ѕвезда на денот и во поглед на модата. Сепак, не се сите воодушевени од однесувањето на шпанската кралица на денот на нејзината заклетва.
Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Летиција ги подготвува своите ќерки за фотосесија. Иако протоколот одредуваше кој каде ќе застане, во еден момент кралицата се тргна од своето место за да може Леонора да си ја среди косата, односно да го тргне долгото ,,опавче” од костумот, и додека многумина се вознемирени од овој мајчински чин, има многумина кои велат дека Летиција претерува.
„Дали е нормална?“, „Можно ли е да мора да контролира сè?“, „Како принцезата и дозволува да го прави ова?“, „ Девојката штотуку официјално стана идната кралица, а таа ја третира како дете во пред светот“, се некои од негативните коментари.
Многумина, сепак, истакнуваат дека Летиција постапила како секоја мајка и дека нејзиниот гест е симпатичен.
Што мислите? Дали јавноста е премногу остра кон шпанската кралица?