“Дали е тоа нелегално?” Мајка е нападната бидејќи возела две деца во количка

Повторно се разгоре жестока дебата околу употребата на деца во колички за пазарење. Имено, Австралијка била нападната бидејќи во една количка ги сместила своите две мали деца. После тоа, таа ги прашала другите на Фејсбук дали чинот е незаконски.

„Моите деца заедно тежат околу 35 килограми и еден муштерија ме нападна затоа што ги возев заедно во количка“, напиша таа и прикачи фотографија на која се гледа како тоа изгледа.

„Друг муштерија ме предупреди дека ваквото возење деца е нелегално. Дали е тоа така?” прашала таа.

Мислењата се поделени. Некои застанаа во одбрана на мајката.

“Зошто луѓето чувствуваат потреба да ги осудуваат и срамат другите? Доволно е тешко да се одгледуваат деца, не сакам другите да им го пикаат носот”, рекла една жена.

„Нека си ја гледа својата работа“, рекол друг.

„Нема ограничување на тежината за намирниците што се транспортираат во колички, па се сомневам дека ова е проблем“, тврди трет.

Сепак, други се загрижени за потенцијалните ризици поврзани со ограничувањата на тежината објавени на количките за пазарење.

„Две деца сигурно ја надминуваат границата на тежина, па може да биде опасно бидејќи количката може да се преврти и децата да се повредат“, предупредува четврто лице.

„Би рекол дека не е нелегално, но е опасно“, додаде петтиот.

Инцидентот се случил во австралиски супермаркет, кој исто така ја објавил ситуацијата, пишува The Sun.

„Во нашите продавници имаме специјални колички кои им се достапни на нашите клиенти со деца, како и оние за лица со ограничена подвижност. Ги охрабруваме родителите да се погрижат нивните деца безбедно да седат на седиштето и да користат безбедносни појаси каде што е предвидено“, рекле во изјавата