ДАЛИ ЗАБЕЛЕЖАВТЕ? Необична појава на небото над Македонија (ФОТО)

Беа видени околу 20 сателити по ред, а многумина не знаеја за што се работи

Синоќа на небото над Македонија е забележан интересен феномен, а според се тоа се сателитите Space X – Star линк на милијардерот Илон Маск. 

Неверојатната појава е снимена во Белград околу 20:40 часот. Синоќа беше видливо и во Скопје, но и во Европа. 

Според очевидци, по ред биле видени 20-тина сателити, а многумина не знаеле за што се работи, па барале одговор и објаснување во некои натприродни појави.

Компанијата SpaceX го иницираше овој проект и ги лансираше сателитите Star Link за да обезбеди сателитски пристап до Интернет. Повеќе од 12.000 мали сателити се испратени во орбитата на Земјата и се „поврзани“ со примопредавателите на Земјата.