СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, проевропскиот блок нема да дозволи да се блокира иднината

 Христијан Мицковски потврди дека е против ЕУ и сака да ја блокира европската иднина на државата.

Мицкоски сака да ги влече државата и народот уште 11 години надвор од ЕУ, во изолација.

Целиот регион треба да напредува и Македонија да биде надвор од ЕУ, сама и изолирана.

Членството во ЕУ не е политичка игра. Се работи за иднината на државата, за исполнување на стратешка цел и врвен национален интерес.

Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да се потчини на ваквото неодговорно и недржавно однесување на Мицкоски.

Нема да дозволиме граѓаните, нивната иднина, државата да бидат блокирани од ДПМНЕ.

Ќе се бориме за европска иднина и ќе победиме затоа што мнозинството македонски граѓани стојат зад членството во ЕУ.