Русија на пат да ги престигне САД

Во август Русија може да ги надмине САД во извозот на нафта во Бразил.

Според Bloomberg, бразилскиот увоз на нафтени деривати од Русија ќе се зголеми за 25 отсто во август во однос на јули, на рекордни 235.000 барели дневно (bpd), што е многу повеќе од увозот од САД.

Според податоците на агенцијата Кплер, Бразил стана втор најголем купувач на руско дизел гориво, по Турција, пренесува РИА Новости.

„Бразил е најголемиот пазар во Латинска Америка, така што руските рафинерии се фокусирани на снабдување со оваа земја“, рече главниот нафтен аналитичар на Кплер, Виктор Катона.