Дали знаете зошто сирењето има дупки? Цел свет мислеше дека бактериите во млекото се главната причина, а вистината е сосема неверојатна!

Можеби кога сте биле мали ви било кажано дека дупките во сирењето се искрицкани од глувче. Но, всушност, тоа нема никаква врска со мали глодари.

Кога станува збор за „швајцарското сирење“ кое е направено од шарени дупки, постојат неколку видови средно тврдо сирење кои наликуваат на сирењето Ементал, кое всушност потекнува од Ементал во Швајцарија.

Но, зошто тоа мора да има дупчиња?

Во далечната 1917 година, Вилијам Кларк детално објасни за што се работи. Имено, дупките во сирењето биле предизвикани од јаглерод диоксидот што го ослободуваат бактериите присутни во млекото. Теоријата на Кларк беше прифатена речиси 100 години – сè додека студијата на Agroscope швајцарски земјоделски институт, не направи „дупка“ во неговата теорија.

Според истражувачите на Agroscope, дупките во сирењето всушност се предизвикани од ситни парчиња сено присутни во млекото. Кога сирењето се прави во амбари со помош на кофи, многу е веројатно дека честичките од сено ќе се најдат во млекото. Токму овие парчиња сено предизвикуваат слабост во структурата што овозможува формирање на гас и формирање на дупки.

– Разликата е предизвикана од исчезнувањето на „традиционалната кофа“ што се користела за време на молзењето на кравите – изјави портпаролот на Agroscope Реџис Нифелер, додавајќи дека парчиња сено паднале во неа и на крајот предизвикале дупки.

Денес, во Швајцарија сирењето има многу помалку дупки отколку пред неколку години, бидејќи млекото од кое се прави сирење обично се вади со современи методи. Па нема повеќе сено!