Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ детството го поминала во родниот град Житораѓе, каде одела во основно и средно училиште.
За тоа колку добра ученичка и примерно дете била, во емисијата „Метар мога села“ зборуваа сограѓаните на пејачката, но и директорката на гимназијата во која учела Светлана Ражнатовиќ Цеца.
-Средното училиште во Житораѓа пред неколку години прослави 40-годишен јубилеј и во тој период произлегле многу познати и успешни луѓе. Меѓу другите за кои сите знаеме и за кои сите слушнале е и Светлана Ражнатовиќ – изјави директорката на средното училиште во кое учела пејачката и додаде дека во периодот кога Цеца одела на училиште таа учела на два отсека, земјоделска насока со отсек ветеринарен техничар.
И директорката и многу мештани се сеќаваат на Цеце од тие училишни денови и велат дека била примерен ученик.
-Гимназијата и основното училиште делат ист двор, толку многу се сеќаваме на неа, мојата генерација, ја гледавме во дворот на часовите по физичко и по тоа ја паметиме и секако се сеќаваме на приказните на постарите професори за времето кога била ученик. Со оглед на тоа дека и нејзината мајка е воспитувачка, таа е воспитана во тој дух, колку што знам, била многу примерен ученик – истакна директорката на училиштето.