Не знаете што да правите со лебот стар неколку дена? Нашите мајки и баби имаа рецепт за користење стар леб и често подготвуваа јадење наречено попара.
Попара е едноставно јадење кое најчесто се приготвува од стар леб, а освен кај нас во Македонија се подготвувало и во Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Турција.
Потребни состојки:
- 10 парчиња бајат леб
- еден dcl масло
- еден dcl вода
- малку сол
- 180 гр кисела павлака
- лук
Начин на подготовка:
Стариот леб исечете го на коцки, а по желба можете да го испржите за да стане крцкав. Потоа ставете го маслото, водата и солта да зовријат на тивок оган, па тргнете го од оган и додајте павлака и изрендан лук. Потоа распределете го лебот во мали чинии, покријте го со сосот што претходно го подготвивте.
Иако на почетокот изгледа многу сиромашно, попарата може да се збогати со адитиви како јогурт, млеко или кисела зелка.