Дали знаете што сакате во животот?

Само меѓу три и пет проценти од светското население точно знае што сака во животот. Имаат јасни цели и задоволни се од квалитетот на секојдневниот живот

Мнозинството поминува низ животот не барајќи начин да го подобри, обвинувајќи ја судбината или другите за сите лоши работи што им се случуваат – покажува студијата на австралискиот научник, пренесува Телеграф.

Експертите, кои работеа на истражување на оваа тема, открија дека сите сме генерално демотивирани ако не знаеме што сакаме, па не се трудиме да работиме во таа насока за да бидеме подобри.

Затоа нè советуваат од денес да ги земеме работите во свои раце, не чекајќи да се случи животот без нас. Како?

На тој начин што прво размислуваме за тоа што навистина сакаме. Кога ќе го добиеме одговорот, веднаш ќе се мотивираме и ќе почнеме да ги реализираме целите. Едно по друго.