Имате проблеми со спиењето? Грст ф’стаци еден час пред спиење може да ви помогне да се подготвите за длабок сон.
Проблемите со сонот стануваат се почести во денешно време поради нездравиот начин на живот и лошата хигиена на спиењето. Носењето гаџети во кревет, тешката вечера и недостатокот на соодветен распоред за релаксација може да влијаат на квалитетот на сонот. Сепак, недостатокот на одредени хранливи материи може да доведе и до проблеми со спиењето. Некои докази сугерираат дека несоодветното внесување на хранливи материи како што се витамините А, Ц, Д, Е и К, калциум и магнезиум е поврзано со проблеми со спиењето, пишува Hindustan Times.
Во некои случаи, предозирањето со витамини може да доведе и до несоница. Храната како што се јаткастите плодови, семките, овошјето и зеленчукот е складиште на витамини, а некои од нив се многу ефикасни во решавањето на проблемите со спиењето. На пример, познато е дека ф’стаците се најдобрoto јаткасто овошје за проблеми со спиењето според Ајурведи бидејќи има најголема количина на мелатонин што може да помогне да заспиете подобро и подолго. Помага во снабдувањето на телото со магнезиум и витамин Б6, кој помага за мирен сон.
Објаснувајќи ги повеќекратните придобивки од редовното консумирање ф’стаци, ајурведскиот експерт др. Дикса Бавсар објаснува за порталот како јаткастите плодови помагаат во зајакнувањето на неколку аспекти на физичкото и менталното здравје.
„Според Ајурведи, ф’стаците се вата-шамака, гуру и ушна што ги прави најдобри за луѓето со анксиозност, несоница, неконтролирана желба за храна и дебелина. Тие го подобруваат апетитот, сексуалната моќ, расположението, па дури и спиењето. Исто така се одлични за срцето“, вели др. Бавсар и додава – „Значи, за оние од вас кои се борат да добијат добар сон – предлагам да јадете грст ф’стаци еден час пред спиење наместо да земате таблети со магнезиум и мелатонин“.