Дали Израелците се откажуваат од копнената офанзива на Појасот Газа !?

Израелската Армија се подготвува за следната фаза од својата операција против Појасот Газа, но плановите можеби нема да одат како што се очекуваше, најави портпаролот на ИДФ.

Претходно, ИДФ соопшти дека нивните сили ќе ја зголемат оперативната подготвеност за следните фази од војната, со акцент на значајните копнени операции.

Но, сега потполковникот Ричард Хехт, портпарол на ИДФ, се чини дека ја менува тезата.

Се подготвуваме за следните фази од војната. Не кажавме какви ќе бидат тие. Сите зборуваат за копнена офанзива. Тоа може да биде нешто поинаку“, вели Ричард Хехт.

Потполковникот Ричард Хехт во интервју за BBC исто така изјави дека во Појасот Газа има струја и вода.

Тој го негираше постоењето на хуманитарна криза во Појасот Газа

Да потсетиме, од крвавата сабота на 7. октомври кога Хамас ненадејно го нападна југот на Израел, прекинато е снабдувањето со струја, гориво и вода, а почнаа и воздушните напади врз Појасот Газа.

Немаме обврска да го снабдуваме Хамас со струја. Луѓето кои не нападнаа веќе неколку години го контролираат Појасот Газа. Имаат струја и вода“, тврди тој.