ДАЛИ КОВИД-19 ЌЕ ‘ВОСКРЕСНЕ’ !? СЗО будно ја следи новата варијанта на вирусот: “Можните последици не се познати…“

Светската здравствена организација (СЗО) и Соединетите Американски Држави (САД) будно ја следат новата варијанта на вирусот Ковид-19 т.е. САРС-КоВ-2. Моментално е непознато потенцијалното значење на бројните мутации.

СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) генски мутации што ги носи, пишува организацијата во епидемиолошкиот билтен.

Досега новата верзија е пронајдена во Израел, Данска и САД.

Можните последици од мутациите BA.2.86 сè уште не се познати и се предмет на темелна анализа“, велат од организацијата, предупредувајќи уште еднаш дека е важно да се продолжи со следење и информирање за да се добие точна и сеопфатна слика од пандемијата со Ковид-19